play_arrow
Jazz FM Jazz FM 100.8
play_arrow
Funk Soul Brother Funk Soul Brother - Jazz FM
play_arrow
Jazz FM Grooves – No Ads Jazz FM Grooves
Џез ФМ е скопско радио на фреквенција од 100.8 Mhz посветено на емитување џез музика и сродни џез стилови со цел создавање и одржување широка заедница слушатели. Преку грижливо осмислената програма, Џез Фм радио им овозможува на љубителите на џезот посебно музичко уживање кое го негува и слави автентичниот уметнички израз збогатувајќи го искуството со осознавање на информации за еволуцијата на џезот, неговите правци и музички уметници.
Радиото е посветено и на квалитетна музичка програма и едукација од локалната и регионалната џез сцена, осигурувајќи дека џезот останува значаен дел од македонскиот културен живот. Програмата на ЏезФм радио се креира врз следните стандарди:
КвалитетСекоја избрана содржина и плејлиста емитувана на радиото мора да го задоволува стандардот за квалитет во продукциска смисла за што се грижи уредувачкиот тим.
РелевантностОбврзани сме да ги образуваме слушателите со точни и проверени информации за историјата, развојот, стиловите на џезот како и џез музичарите. Преку длабока анализа, интервјуа и специјално избрани плејлисти целиме кон зголемување на почитта и разбирањето за џезот.
ДостапностВеруваме дека џезот треба да биде достапен за сите. Затоа обезбедуваме лесно достапна платформа за слушателите да го откријат, уживаат и истражуваат светот на џезот, разбивајќи бариери и правејќи го жанрот достапен за љубителите од сите возрасти и професии.
ЗаедништвоАктивно се ангажираме да изградиме широка мрежа од љубители на џезот. Преку поддршка на локалната џез сцена, соработка со музичарите и поврзување со нашите слушатели, градиме заедница.
Поддршка за домашната сцена и младитеГо поддржуваме највисокиот степен на уметнички интегритет во нашата програма. Нашите избори се водени од почит кон најдобрите џез композитори, нивните композиции и настапи. Преку претставување на нови таленти, внимание им се посветува на домашните изведувачи, со што расте интересот и кај помладата публика.
ИновативностСе стремиме кон претставување на нови преспективи, експериментирање и следење на развојот на жанрот, обезбедувајќи динамична и релевантна програма со која се поттикнува љубопитноста на слушателите.
ВизијаЏез музиката има длабоко влијание врз светската култура. Визија на ЏезФМ радио е џезот да стане суштински и достапен дел од културниот пејзаж на македонската медиумска сцена и преку своето емитување да влијае и врз растежот и промоцијата на џез музичарите од регионот како и во иднина да понуди богато опкружување и поволна средина за развој на регионалната џез продукција.
Здраво, јас сум Јасна, автор и водител на емисијата „Утрински драјв“ на Џез ФМ која се емитува секој работен ден од 7 до 11 часот.
Миа Ѓаконовски: Џезот секогаш ќе биде дел од сè што правам
Фред Весли во Скопје: „Ако знаеш џез, знаеш сè.“
Светлина, природа и слобода: Разговор со пијанистот Ден Коста
Џез ФМ радио и Jazzfuel: Нова соработка за поддршка на современиот џез
Разговор со „маестрото на акустичната гитара” – Антонио Форчоне
Миа Ѓаконовски: Џезот секогаш ќе биде дел од сè што правам
Фред Весли во Скопје: „Ако знаеш џез, знаеш сè.“
Светлина, природа и слобода: Разговор со пијанистот Ден Коста
Џез ФМ радио и Jazzfuel: Нова соработка за поддршка на современиот џез
Разговор со „маестрото на акустичната гитара” – Антонио Форчоне
Copyright Jazz FM 100.8