Jazz FM Daily Show

Дневна Сесија со Јасна

Background
share close
Понеделник 14:00 17:00
Вторник 14:00 17:00
Среда 14:00 17:00
Четврток 14:00 17:00
Петок 14:00 17:00

Во емисијата Дневна Сесија, секој работен ден од 14 до 17 часот, заедно слушаме внимателно одбрана музика за добро расположение – џез класици и нови изданија од современи композитори и изведувачи на џез, соул, R&B, блуз, фанк, фјужн и world music. Покрај музиката, емисијата претставува и нови изданија, теми од областа на културата и уметноста, животниот стил, менталното и физичкото здравје, екологијата, како и најави за културни настани и сервисни информации. Фокусот е на современите текови, автори и музичари од целиот свет, но и на културата во нашата земја. Посебно внимание посветуваме на младите и нивните иницијативи, како и на сè што претставува насока кон повисоки вредности и позитивни промени.


crew


Водител - Дневна програма

Јасна Николовска Овчаровска

Здраво, јас сум Јасна, автор и водител на емисијата „Дневна сесија“ на радио Џез Фм која се емитува секој работен ден од 15:30 часот на фреквенција од 100,8 мегахерци. Во секоја емисија ќе одиме на музичка прошетка во една од земјите од светот преку преслушување на нивната специфична џез музика со посебен фокус на современите текови и на младата генерација џез музичари. Целта ни е да ве запознаеме со атмосферата, колоритот и звучниот амбиент на различните земји и поднебја преку истражување на изразот што го добива џезот во различни култури и да понудиме дневна инспирација и освежување во етерот за сите слушатели.