
Јасна Николовска Овчаровска
Здраво, јас сум Јасна, автор и водител на емисијата „Дневна сесија“ на радио Џез Фм која се емитува секој работен ден од 15:30 часот на фреквенција од 100,8 мегахерци. Во секоја емисија ќе одиме на музичка прошетка во една од земјите од светот преку преслушување на нивната специфична џез музика со посебен фокус на современите текови и на младата генерација џез музичари. Целта ни е да ве запознаеме со атмосферата, колоритот и звучниот амбиент на различните земји и поднебја преку истражување на изразот што го добива џезот во различни култури и да понудиме дневна инспирација и освежување во етерот за сите слушатели.