Во предновогодишниот амбиент на Café Literatura (Diamond mall), на 6 декември (петок), со почеток во 21:30 часот, публиката ќе ужива во џез-вечерта Swing and sip, со квартетот на Јани Костурски. Покрај Костурски, во составот се: Филип Димишковски (пијано), Павел Ренџов (тапани) и Зоран Павловски (бас). Концертот Swing and sip е во организација на Литература.мк“ и „Џез ФМ“.
Репертоарот е внимателно избран за да го долови шармот, емоцијата и иновативноста на џезот, претставувајќи патување низ различни епохи и стилови. Уживајте во уникатни пијалаци специјално креирани за оваа вечер: The Scat Spritz Blue Note Martini Bossa Breeze Ella’s Delight и уште многу други! Не пропуштајте го ова уникатно предновогодишно искуство за сите сетила! Влезот е само со резервација: 078 475 146 rezervacii@literatura.mk Бројот на места е ограничен, затоа резервирајте на време!