Фред Весли во Скопје: „Ако знаеш џез, знаеш сè.“
На 29-ти февруари, во Скопје, легендарниот тромбонист Фред Весли настапи со своето трио, носејќи ѝ на публиката незаборавна вечер исполнета со енергични фанк и џез ритми. Дел од неговото трио беа музичарите Тони Меч на тапани и Леонардо Корати на оргуљи. Пред концертот, имавме можност да разговараме за неговите почетоци во Алабама, за соработката со Џејмс Браун, за неговата љубов кон би-бапот и важноста на блузот како основа на сè. […]