Разговор со „маестрото на акустичната гитара” – Антонио Форчоне
Минатата сабота, на 24ти мај, големата сала на Македонската филхармонија беше исполнета со звуци на врвна музичка уметност и творештво. Со почеток од 20 часот и 20 минути, во полна сала, го проследивме концерт на исклучителниот мајстор на акустична гитара Антонио Форчоне. Форчоне настапи во придружба на тројца музичари: Џени Адеџајан на виолончело, Џенсен Сантана на перкусии и Матеус Нова на акустична бас гитара. Форчоне, признат низ целиот свет како […]