
Jazz FM Jazz FM 100.8
Џез ФМ е скопско радио на фреквенција од 100.8 Mhz посветено на емитување џез музика и сродни џез стилови со цел создавање и одржување широка заедница слушатели. Преку грижливо осмислената програма, Џез Фм радио им овозможува на љубителите на џезот посебно музичко уживање кое го негува и слави автентичниот уметнички израз збогатувајќи го искуството со осознавање на информации за еволуцијата на џезот, неговите правци и музички уметници.
Радиото е посветено и на квалитетна музичка програма и едукација од локалната и регионалната џез сцена, осигурувајќи дека џезот останува значаен дел од македонскиот културен живот. Програмата на ЏезФм радио се креира врз следните стандарди:
Квалитет
Секоја избрана содржина и плејлиста емитувана на радиото мора да го задоволува стандардот за квалитет во продукциска смисла за што се грижи уредувачкиот тим.
Релевантност
Обврзани сме да ги образуваме слушателите со точни и проверени информации за историјата, развојот, стиловите на џезот како и џез музичарите. Преку длабока анализа, интервјуа и специјално избрани плејлисти целиме кон зголемување на почитта и разбирањето за џезот.
Достапност
Веруваме дека џезот треба да биде достапен за сите. Затоа обезбедуваме лесно достапна платформа за слушателите да го откријат, уживаат и истражуваат светот на џезот, разбивајќи бариери и правејќи го жанрот достапен за љубителите од сите возрасти и професии.
Заедништво
Активно се ангажираме да изградиме широка мрежа од љубители на џезот. Преку поддршка на локалната џез сцена, соработка со музичарите и поврзување со нашите слушатели, градиме заедница.
Поддршка за домашната сцена и младите
Го поддржуваме највисокиот степен на уметнички интегритет во нашата програма. Нашите избори се водени од почит кон најдобрите џез композитори, нивните композиции и настапи. Преку претставување на нови таленти, внимание им се посветува на домашните изведувачи, со што расте интересот и кај помладата публика.
Иновативност
Се стремиме кон претставување на нови преспективи, експериментирање и следење на развојот на жанрот, обезбедувајќи динамична и релевантна програма со која се поттикнува љубопитноста на слушателите.
Визија
Џез музиката има длабоко влијание врз светската култура. Визија на ЏезФМ радио е џезот да стане суштински и достапен дел од културниот пејзаж на македонската медиумска сцена и преку своето емитување да влијае и врз растежот и промоцијата на џез музичарите од регионот како и во иднина да понуди богато опкружување и поволна средина за развој на регионалната џез продукција.
Здраво, јас сум Јасна, автор и водител на емисијата „Дневна сесија“ на радио Џез Фм која се емитува секој работен ден од 15:30 часот на фреквенција од 100,8 мегахерци. Во секоја емисија ќе одиме на музичка прошетка во една од земјите од светот преку преслушување на нивната специфична џез музика со посебен фокус на современите текови и на младата генерација џез музичари. Целта ни е да ве запознаеме со атмосферата, колоритот и звучниот амбиент на различните земји и поднебја преку истражување на изразот што го добива џезот во различни култури и да понудиме дневна инспирација и освежување во етерот за сите слушатели.
Copyright Jazz FM 100.8