JAZZ FM

100.8

За JAZZ FM

Концептот на радиото беше креиран во срцето на џезот - New York City за време на 12 годишниот престој на оснивачите на JAZZ fm Скопје.
Долгиот престој им овозможи да ги проучат најдобрите јазз радиа: WBGO во Newark, New Jersey и WKCR New York City, кои кога споени заедно ја создаваат најдобрата џез програма на светот.

Истовремено, тие градеа професионални односи со ултра модерната downtown сцена и музичарите кои ја креираа. Овие односи се зацврстија со снимање на 1500 концерти на места како Knitting Factory, Roulette, CBGB’s Gallery, The Cooler, Wetlands, Nuyorican Poets Café, Tonic и редица други алтернативни локации кои ја подржуваат оваа сцена.
Овие снимки останаа како дел од уникатната JAZZ fm архива, и во некои случаи се издадени од самостални издавачки куќи како Eremite, Aum Fidelity, No More records, Boxholder, Cadence i Knitting Factory. JAZZ fm 100.8 за прв пат оди на етер на 16 Октомври 1998.

Следеа 6 месеци експериментална програма без реклами. После овој период започна и утринската програма, а до есента истата година програмата беше проширена до вечерните часови. Декември 1999 со официјалната промоција на радиото беше најавено проширување на програмата. Меѓутоа кога радиото доби тајм-шеринг од Август 2000 до Ноември 2004, го пресече оригиналниот план за целосно проширување на програмата.

Со добивањето на 24 часовна концесија радиото како да доби нов простор за џезот во македонскиот етер. Веднаш почна со припреми на нови програми.

Од самиот почеток JAZZ fm е инволвиран во снимање и продукција на многу талентирани луге во Македонија како Симон Трпчевски, Камерниот Оркестар на Музичка Младина на Македоника, Македонската Филхармонија, групите Синтезис, Сет, Фолтин, Т.Б.Трачери, Two Sides, План Б, Wild Bunch, Монасите од Манастирот Бигорски, како и нашите светски реномирани џез музичари Тони Китановски и Зоран Маџиров и триото на браќата Тавитјан.

Радио JAZZ fm ќе ја продолжи својата активност во иднина, со силна подршка на овие уметници вон и на етерот. Со засилена тимска активност на овие музичари, JAZZ fm ќе помогне во градењето на нов центар за музика која го означи овој век.

Главен и одговорен уредник: Стефана Марковиќ
+389 70 342 376
jazzfm@jazz.mk